Gökhan Ergöçün
12 Март 2024•Ажурирај: 13 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Глобалниот провајдер за сместување „Ер би-ен-би“ (Airbnb) ги забрани безбедносните камери во затворените простории на местата за изнајмување за да ја заштити приватноста на луѓето, јавува Анадолу.
„Ер би-ен-би“ претходно дозволуваше внатрешни камери во заедничките простории, како што се ходниците и дневните соби, доколку тие се наведени во описот пред резервирањето, јасно се видливи и не се лоцирани во простории како места за спиење и бањи.
„Ажурирањето на оваа политика го поедноставува нашиот пристап и јасно покажува дека безбедносните камери не се дозволени во огласите, без оглед на нивната локација, цел или претходно објавување“, се додава.
Џунипер Даунс, шеф за партнерства во компанијата, рече дека целта е да се создадат нови, јасни правила кои ќе ѝ обезбедат поголема јасност на нивната заедница за тоа што да очекува на „Ер би-ен-би“.
„Овие промени беа направени во консултација со нашите гости, домаќини и експерти за приватност, и ние ќе продолжиме да бараме повратни информации за да помогнеме да се осигуриме дека нашите политики функционираат за нашата глобална заедница“, додаде таа.