Ekipa
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи и амбасадор Фарук Кајмакџи, истакна дека рече дека терористичката организација ПКК може слободно да води кампања во многу земји-членки на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
„ПКК, и покрај тоа што се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ, може да води кампања во многу земји членки на ЕУ. ЕУ треба да направи повеќе, а не само ПКК да ја прогласи како терористичка организација“.
Во своето обраќање на отворањето на 38. Заеднички консултативен комитет Турција - ЕУ, што се одржува во Брисел, Кајмакџи истакна дека граѓанското општество и приватниот сектор се важни за понатамошниот развој на процесот на пристапување во ЕУ.
Кајмакџи, нагласувајќи дека Заедничкиот консултативен комитет е една од основните институции во процесот на членството на Турција во ЕУ, рече: „Пристапувањето во ЕУ е стратешка цел на Турција, тоа ќе биде така и понатаму“.

Истакнувајќи дека повикот на Европскиот парламент (ЕП) за суспендирање на преговорите за членство со Турција е голема грешка. „Со слабеењето на перспективата за членство, на Турција ѝ се испраќа погрешна порака. Тоа значи не правете реформи, не се доближувајте до ЕУ. Не мислам дека институциите на ЕУ сакаат да ја дадат таа порака“.
- „Ажурирање на Царинската унија е „вин-вин“ стратегија“ -
Кајмакџи, наведувајќи дека ажурирањето на Царинската унија е блокирано политички, истакна дека веднаш по изборите во ЕУ и по заживувањето на процесот на реформи во Турција, прашањето за ажурирање на Царинската унија повторно ќе биде на дневен ред.
Посочувајќи дека визната либерализација е важна е дека е дел од Царинската унија, Кајмакџи истакна: „Треба да се поправи нерамнотежата во трговијата. Визната либерализација, како и ажурирањето на Царинската унија, е „вин-вин“ стратегија“.
- „ЕУ треба да направи повеќе, а не само ПКК да ја прогласи како терористичка организација“ -
Кајмакџи, истакнувајќи дека соработката во областа на тероризмот меѓу Турција и ЕУ не треба да се ограничи само со ДЕАШ, нагласи: „Треба да ја зголемиме соработката во борбата против ПКК. ПКК, и покрај тоа што се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ, може да води кампања во многу земји членки на ЕУ. ЕУ треба да направи повеќе, а не само ПКК да ја прогласи како терористичка организација“.
Во однос на терористичката организација ФЕТО, Кајмакџи рече дека таа има различен стил од ДЕАШ и од ПКК.
„ФЕТО не личи на ДЕАШ и ПКК, има различен стил. ФЕТО е нова генерација на терористички структури и нелегална криминална организација. Борбата против него не е лесна. Затоа (во однос на борбата против ФЕТО) мерките што ги преземаме се во согласност со законите и договорите на ЕУ“.