Ekrem Biçeroğlu
19 Ноември 2022•Ажурирај: 20 Ноември 2022
РАМАЛА (АА) - Здружението на палестински затвореници соопшти дека израелските сили од 2015 година досега привеле над 9.300 деца на возраст под 18 години, известува Агенција Анадолија (АА).
Оваа палестинска организација издаде соопштение по повод 20 Ноември, Светскиот ден на детето.
Во соопштението се истакнува дека Израел во период од 7 години притворил повеќе од 9.300 малолетници.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на 2022 година досега израелските сили привеле над 750 палестински деца.
Здружението на палестински затвореници информира дека 160 деца приведени од почетокот на годинава сѐ уште не се пуштени на слобода.
Врз основа на правилото што Израел го нарекува „административен притвор“, израелската управа може да притвора Палестинци во времетраење од еден до шест месеци.
Доколку се утврди дека приведеното лице е „опасно по безбедноста на Израел“, воениот суд може да го продолжи притворот до 5 години, а притоа и да не подигне кривична постапка.
Палестинците во израелските затвори честопати се одлучуваат на штрајк со глад барајќи подобри услови или праведно судење, загрозувајќи го своето здравје.