Ihvan Radoykov
19 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
СОФИЈА (АА) - Бугарската полиција приведе 5 лица осомничени за поврзаност со терористичкиот напад во Истанбул на 13 ноември во кој животот го загубија шест лица, соопшти денес бугарското обвинителство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева, за бугарската новинска агенција БТА потврди дека, како резултат на плодната соработка со турските безбедносни сили приведени се тројца државјани на Молдавија и две лица со арапско потекло.
Милева наведе дека на осомничените засега ќе им биде одреден притвор во времетраење од 72 часа, но дека нивниот предмет ќе биде проследен до судот со барање за апсење.
Според пишувањето на бугарските медиуми, осомничените илегално влегле во Бугарија три дена по бомбашкиот напад извршен во познатата истанбулска улица Истиклал.
Меѓу осомничените е Амран Абдулрами, близок помошник на одметнатиот терорист Билал Хасан.