Ahmad Adil
27 Август 2026•Ажурирано: 27 Август 2026
Индија ќе биде домаќин на самитот на БРИКС во главниот град Њу Делхи на 12 и 13 септември, пренесува Анадолу.
На самитот, на едно место ќе се соберат лидерите на земјите членки и партнерските земји на БРИКС, како и поканети страни, соопшти индиското Министерство за надворешни работи.
Министерството истакна дека „лидерите ќе разменуваат мислења за зајакнување на соработката во рамките на БРИКС за заедничките приоритети и ќе споделат перспективи за глобални и регионални прашања од заедничко значење“.
Според Индија, која годинава претседава со БРИКС, низ повеќе од 25 градови во земјата се одржани над 350 состаноци и средби на високо ниво, со цел дополнително зајакнување на стратегиското партнерство во рамките на БРИКС.
„Претседавањето на Индија со БРИКС придонесе за унапредување на соработката со БРИКС преку практични и развојно ориентирани резултати“, соопшти Министерството.
Индија е сегашен претседавач со БРИКС, блок од 11 членки, кој започна со функционирање во 2009-2010 година со земјите членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Во следните години се придружија и други земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати, Етиопија, Индонезија и Иран.
Заедно земјите од БРИКС претставуваат над 40% од светското население и повеќе од 32% од глобалниот бруто-домашен производ, а обемот на внатрешната трговија надмина еден билион долари во 2025 година.