свет

„Ирачките борбени авиони ловат терористи надвор од границите на Ирак“

„Ирачките воздушни сили ловат терористи и ги бомбардираат надвор од границите за да ја заштитат државата од нивното зло и завера“, изјави Ал Абади по повод годишнината од основањето на Ирачките воздушни сили

Mahmoud Barakat  | 22.04.2018 - Обновена : 23.04.2018
„Ирачките борбени авиони ловат терористи надвор од границите на Ирак“

Bagdad

БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади изјави дека ирачките борбени авиони ловат терористи надвор од границите на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Ирачките воздушни сили ловат терористи и ги бомбардираат надвор од границите за да ја заштитат државата од нивното зло и завера“, изјави Ал Абади во соопштението по повод годишнината од основањето на Ирачките воздушни сили.

Ал Абади ја истакна улогата на Ирачките воздушни сили во борбата против тероризмот и во одржувањето на безбедноста и стабилноста на земјата.

Ирачките борбени авиони од типот Ф-16 во четвртокот бомбардираа упоришта на терористичката организација ДЕАШ во соседна Сирија, соопштија ирачките власти.

Багдад во декември минатата година презеде контрола над териториите кои од средината на 2014 година беа под контрола на терористите на ДЕАШ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın