Bahattin Gönültaş
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
БЕРЛИН
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ (Lufthansa) соопшти дека од безбедносни причини ги откажува летовите кон Иран и Ирак и летовите над воздушниот простор на овие две земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на компанијата се наведува дека поради зголемените тензии на Блискиот Исток меѓу САД и Иран од безбедносни причини е донесена одлука за пренасочување на летовите над воздушниот простор на Иран и Ирак и дека нема да се остваруваат летови над овие две земји.
„Луфтханза“ информираше дека ги откажала дневните летови на релацијата Франкфурт - Техеран, додавајќи дека нема да се спроведе ниту летот кон Ербил планиран за сабота.
Утрово во Техеран се урна украински патнички авион од типот „Boeing 737“, кој од аеродромот „Имам Хомеини“ полета кон Киев. Во оваа авионска несреќа нема преживеани меѓу 176-те лица, колку што имаше во авионот.
Американската федерална агенција за воздухопловство (FAA) објави дека на американските авиокомпании им забранува да летаат над Иран, Ирак и Заливот на Басра.