Haydar Karaalp
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
БАГДАД
Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин истакна дека на неговата земја не и била понудена нормализација на односите со Израел и дека тие ја бранат палестинската кауза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хусеин во изјавата за медиумите во Москва, главниот град на Русија, каде што беше во официјална посета, говореше за тврдењата дека Ирак ќе ги нормализира односите со Израел.
„Нам не ние понудено нормализирање на односите со Израел. Палестинската кауза не е само дел од ирачката надворешна политика, туку и нејзината внатрешна политика. Оваа кауза ја има и поддршката на ирачкиот народ“, истакна Хусеин.