Ekipa
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека продолжува соработката со Турција во воено-техничката област, воедно се осврна и на испораката на рускиот систем за противракетна одбрана S-400 на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во нашата агенда, покрај воено-техничката соработка, се наоѓа и реализирањето на испораката на системите S-400 во Турција.“
Путин, пред состанокот на Високиот совет за соработка помеѓу Турција и Русија, на кој ќе присуствува и турскиот претседател Ердоган, истакна дека со Турција донеле одлука за развивање на односите во рамки на зајакната и унапредена соработка.
Рускиот претседател рече дека сириското прашање е меѓу главните теми на овој состанок.
„Ние како Русија и Турција, земји гаранти во процесот од Астана, вложуваме напори за намалување на тензиите во Сирија. Продолжуваат нашите работи во врска со уставниот комитет во Сирија“, нагласи тој.
Путин рече дека завршен е морскиот дел на проектот за гасоводот „Турски тек“, додавајќи дека продолжуваат со работата, со цел овој проект да заврши кон крајот на годината.
Тој се осврна и на проектот за Аккују, која ќе биде прва нуклеарна централа на Турција, и додаде дека треба да се потпишат договори со турски инвеститори со цел да се забрза овој проект.