Hakan Ceyhan Aydoğan
25 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
МОСКВА (АА) - Демонстрантите насобрани пред зградата на амбасадата на Турција во Москва камена и јајца фрлале на објектот причинувајќи материјална штета во делот на зградата, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата, која се собра на протестот пред зградата на Амбасадата на Турција во Москва, по повод вчерашното соборување на рускиот авион, фрлаше камења и јајца на зградата на абмасадата.
За тоа време, скршени се стаклата на прозорците од вториот и третиот кат на објектот. Во вторник наутро два авиони од типот Ф-16 на турските воздушни сили за време на патролната контрола во склад со правилникот за ангажман во рок од пет минути десет пати го предупреди рускиот авион СУ-24 дека го нарушува воздушниот простор, а после тоа интервенираше.
Русија соопшти дека соборениот авион кој падна во сирискиот пограничен регион Бајирбуџак, недалеку од турскиот Хатај, припаѓаше на нејзините воздушни сили. НАТО потоа ја потврди точноста на турските наводи дека рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор.