Ata Ufuk Şeker
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека продолжувањето на руските напади во сирискиот Алепо ја разбудило трагедијата во тој град, и упати повик на водството на Русија да вложи искрени напори со цел да се завршат судирите и да им се укаже помош на цивилите во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Непосредно пред почетокот на седницата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, првиот човек на таа организација, Столтенберг, во изјавата за медиумите истакна дека надлежните министри за време на дводневната седница ќе разговараат за прашањата за интензивирање на улогата на НАТО во воспоставувањето безбедност и стабилност во и надвор од границите на Сојузот. Тој додаде дека ќе се разговара и за јакнењето на одбранбените капацитети и за зголемување на военото присуство на НАТО во областа на Црното Море.
„Ќе го разгледаме и прашањето околу интензивирањето на руските воени активности на границите на НАТО. Само овој месец, Русија инсталираше проектили со носачи на нуклеарно оружје во Калининград и го суспендираше договорот со САД за плутониумот“, изјави Столтенберг.
Столтенберг ја обвини Русија за дестабилизација на источниот регион на Украина поради продолжувањето на материјалната и воената поддршка на сепаратистите, а руската поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја оцени како крајно загрижувачка.
Столтенберг нагласи оти инсталирањето на рускиот воен брод „Кузњецов“ во источното Средоземје предизвикува дополнителна загриженост дека нападите во Алепо и Сирија ќе бидат интензивирани и додаде дека случајните напади на сириските градови мора да се спречат.
„НАТО мора да одговори на интензивирањето на воените активности на Русија. Ние тоа го правиме умерено. Инсталиравме четири воени баталјони на Истокот и ја зголемивме воената подготвеност. Нашите одговори се умерени и со акцент на одбрана“, изјави Столтенбег.