?????
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Трошоците за одбраната на НАТО се движат во вистинската насока, а минатата година кратењата скоро и да сопреа, порача генералниот секретар на Северно-атланскиот сојуз Јенс Столтенберг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во текот на претставувањето на годишниот извештај на НАТО, Столтенберг го поздрави напредокот во трошоците на одбраната, истакнувајќи дека „по многу години постигнато е значајно намалување на трошоците за одбраната, а кратењата за европските сојузници и Канада сега практично престанаа”.
Меѓутоа, Соединетите Американски Држави и понатаму надминуваат три четвртини од вкупните воени расходи на Северно-атланскиот сојуз. Во годишниот извештај на НАТО се наведува дека САД се одговорни за 72 отсто од вкупната потрошувачка во 2015 година.
Генералниот секретар истакна дека НАТО продолжува со вложувањето напори во јакнењето на колективната одбрана и дека е зајакнато присуството во источниот дел на сојузот.