Hakan Çopur
26 Септември 2025•Ажурирај: 28 Септември 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи ја намерата на Израел да го анектира окупираниот Западен Брег, рече: „Нема да го дозволам тоа. Разговарав со него (израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху) и нема да му дозволам на Израел да го анектира Западниот Брег. Доста е. Сега е време да се запре“, известува Анадолу.
„Нема да му дозволам на Израел да го анектира Западниот Брег. Не, нема да го дозволам тоа. Тоа нема да се случи“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба при потпишувањето извршна наредба.
Тој рече дека имал телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да разговараат за ситуацијата во Појасот Газа.
Во врска со намерата на Израел да го анектира Западниот Брег, Трамп истакна:
„Не му дозволувам на Израел да го анектира Западниот Брег. Доста беше. Сега е време да се запре.“