Mahmut Geldi
29 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Владините сили на Јемен во јужниот дел на земјата се изложени на воздушни напади на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), при што смртно настрадаа 10 лица од јеменските владини сили, додека 41 лице е повредено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на твитер-профилот од Канцеларијата на „Лекари без граници“ во Јемен, во болницата во Аден, кој е привремен главен град на оваа земја, биле пренесени 51 повреден.
Во соопштението се нагласува дека 10 лица од повредените го загубиле својот живот и покрај сите интервенции.
Заменик-министерот за надворешни работи на Јемен, Мухамед ел Хадрами, претходно истакна дека владините сили во Аден и во Ебјен биле изложени на воздушни напади на ОАЕ.
Хадрами информираше дека во нападите на ОАЕ има жрви и повредени, меѓу кои и цивили.
Тој ја повика меѓународната заедница, особено Советот за безбедност на ОН, да ги осудат овие напади, и да го заштитат мирот, стабилноста и територијалниот интегритет на оваа земја.
Хадрами, исто така, упати апел до Арапската коалиција, и рече дека администрацијата на Саудиска Арабија треба да стои до Јеменската влада против воените тензии за кои нема ниту едно образложение.