Adem Şalvarcıoğlu
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Либанскиот државен министер задолжен за прашањата за мигрантите, Муин ел Мераби, истакна дека 20 мигранти кои се вратиле во Сирија се убиени од страна на режимските сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на весникот „Дејли стар Либан“ (The Daily Star Lebanon), Мераби даде изјава во врска со мигрантите кои од Либан се вратиле во Сирија. „Околу 20 мигранти кои се вратија во Сирија, убиени се од страна на војската на режимот“, рече тој.
Мераби нагласи дека пред осум месеци биле убиени тројца мигранти кои од Либан се вратиле во Сирија.
„Убиените мигранти се 50-годишен татко со своите две деца, од кои едното дете на 13, а другото на 14-годишна возраст. Информациите покажуваат дека овие тројца мигранти се убиени од висок претставник од војската на режимот. Животите на мигрантите кои се враќаат во подрачјата кои се под контрола на режимот во Сирија, се во опасност“, додаде Мераби.
Тој информираше дека од јули оваа година досега, во својата земја се вратиле 55.000 Сиријци.