И покрај снегот и студеното време во Словенија влегле околу 6.300 мигранти
- Како што наведува полициската управа во Крањ, од Добова преку Јасеница во Австрија заминале три вонредни воза со 1.623 мигрантиAlmir Terzic
23 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
СараевоСАРАЕВО (АА) – Според податоците на полициската управа Ново Место во тек на 24 часа, од три часот вчера до три часот утринава, словенечката полиција на граничниот премин за меѓународен железнички сообраќај во Добова прифатила 6.298 нови мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Странците, во придружба на хрватските безбедносни органи во Добова стигнале со шест воза. Синоќа и рано утринава пристигнале три воза, првиот со 1.061 мигрант, вториот со 1.090, и третиот воз, во околу три часот со додатни 1.038 мигранти.
Мигрантите кои пристигнаа синоќа и рано утринава во Словенија, медицински и хуманитарно се згрижени и по полициската обработка, во придружба на словенечката полиција со возови и автобуси се упатени кон Јасенице, Шентиљ и Горна Радгона.
Според податоците на словенечката полиција, моментално во прифатниот центар Добова има околу 1.000 мигранти и на железничката станица околу 600. Како што е најавено, и тие мигранти по медицинското и хуманитарно згрижување ќе бидат упатени во прифатните центри во внатрешноста на Словенија.
Истовремено, како што наведува полицијата во Крањ, од Добова преку Јасеница во Австрија се пренесени 1.623 мигранти со три вонредни воза. Како што наведува словенечката полиција за денес од Добова најавен е вонреден воз со околу 540 мигранти.
Со автобуси преку некогашниот патен граничен премин Караванки во Австрија се пренесени 1.199 евидентирани мигранти. Така, осум автобуса вчера превезуваа мигранти во три наврати. Исто така, најавено е дека автобусите денес кон Австрија ќе пренесат 345 евидантирани мигранти.
Словенечката полиција наведува дека во прифатниот центар Горни Радгони моментално се населени 376 мигранти.
Синоќа, околу 18 часот во прифатниот центар Горни Радгони имало само еден мигрант, за да половина час пред полноќ во прифатениот центар во Добова во два наврата пристигнаа прво 146, а потоа уште додатни 175 мигранти.
Продолжено е доаѓањето на мигранти во прифатниот центар Горни Радгони, па така утринава од Добова пристигнале 54 од нив.
Како што наведува словенечката полиција, во прифатниот центар Петишовци, Дуга Васа и Лендава моментално нема мигранти.