Burak Bir
23 Ноември 2026•Ажурирано: 23 Ноември 2026
Многу училишта низ Данска добиле закани за поставени бомби, но полицијата соопшти дека заканите се неосновани, објавија денес данските медиуми, пренесува Анадолу.
Голем број училишта низ земјата добиле закани за бомби преку електронска пошта. Полицијата ги истражува заканите, но истовремено апелира на смиреност, објави јавниот сервис ДР.
„Целосно разбираме дека ова може да предизвика загриженост“, се наведува во соопштението на полицијата на Копенхаген, од каде што додаваат дека се во контакт со општините и со дел од училиштата.
Според наводите, закани добиле училишта на островите Борнхолм и Фин, на полуостровот Јитланд, како и во градот Хернинг.
Ова се случува по серијата неодамнешни закани за бомби насочени кон училишта низ Европа, вклучително и во Франција, Велика Британија и Италија.