Ali H. M.Abo Rezeg
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, во вторникот рече дека им се потребни три месеци за целосно елиминирање на ДЕАШ од Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ирачките сили напредуваат во градот Мосул, а во составот на нашите сили во градот нема странски борци“, рече Абади на прес-конференцијата што се одржа во главниот град на Ирак.
„Ирачките воздушни сили успеаа да неутрализираат над 900 автомобили-бомби подготвени од страна на ДЕАШ, од почетокот на офанзивата за повторно заземање на Мосул пред два месеца“, додаде тој.
„Ние водиме војна за ослабнување на ДЕАШ; терористичката група секојдневно претрпува огромни загуби, редовно ги подготвуваме нашите трупи за исполнување на потребите“, истакнува Ал-Абади.
Во саботата, ирачките сили ја продолжија офанзивата во Мосул по паузата од една недела.
Ирачки официјални претставници ветија дека пред крајот на годината, од ДЕАШ ќе го повратат Мосул, вториот по големина град во Ирак.
Градот беше заземен од страна на ДЕАШ, во 2014 година, заедно со голема територија во северниот и во западниот дел на Ирак.