„Превртените лалиња“ што цветаат во Источна Туркије ја разубавуваат природата
Според христијанското верување, „превртените лалиња“ никнале од солзите што Богородица ги пролеала на земјата по распнувањето на Исус Христос

ШИРНАК (АА) – Ендемичните „превртени лалиња", кои цветаат во пролет во округот Улудере во Ширнак, Источна Туркије, ја разубавуваат природата со своите бои, јавува Анадолу.
Во некои делови на населените места Хилал и Шеноба овие цветови, познати меѓу народот како „плачлива невеста“ или „цвет на тагата“, природно растат и го најавуваат доаѓањето на пролетта.
„Превртените лалиња“ се сметаат за симбол на регионот, благодарение на нивните впечатливи бои и магичен изглед.
Во Туркије тие растат природно не само во Ширнак туку и во Тунџели, Афшин, Ерзурум, Адијаман и Хакќари.
Според христијанското верување, „превртените лалиња“ никнале од солзите што Богородица ги пролеала на земјата по распнувањето на Исус Христос.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.