Ekipa
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот адвокат на Карлес Пу;демон изјави дека не очекува дека сменет каталонски претседател во наредните неколку недели ќе се врати во Шпанија, и сигурно не на сослушувањето на националниот суд, закажано за четврток, пренесува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот Пол Бекаерт за белгиските медиуми рече: „ Пуџдемон не оди во Мадрид“.
„Како што стојат работите, не гледам дека ќе се врати во наредните неколку недели“, истакна Бекаерт.
Сите 14 членови на распуштената Влада на Каталонија се соочуваат со можни обвиненија за бунт, бидејќи на 27 октомври се изјаснија дека ја поддржуваат декларацијата за независност од Шпанија. Кривичното дело за кое би можеле да бидат обвинети носи повеќедецениска затворска казна.
Шпанскиот суд на сите им наложи да се појават на утрешното сослушување во Мадрид. Истражниот судија, без оглед дали ќе се појават или не, веќе во петок би можел да издаде налог за нивно апсење.
Бекаерт нагласи дека доколку Шпанија побара испорачување на Пучдемон, одлуката за тоа би требало да ја донесат белгиските власти.