Aness Suheil Barghoti
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за јавна безбедност, Гилад Ердан, најави дека во рамките на израелските безбедносни сили ќе биде формирана специјална единица задолжена за комплексот Ал Акса во Ерусалим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердан за весникот „The Jerusalem Post“ (Ерусалим пост) изјави дека специјалната полициска единица во комплексот Ал Акса ќе биде опремена со напредна технологија за да собира разузнавачки сознанија и да ги штити посетителите на светата земја.
„Единицата ќе се состои од околу 200 полицајци, од кои половина ќе бидат нови регрути примени наредната година“, изјави Ердан.
Ресорниот израелски министер исто така изјави дека повод за формирање на специјалната полиција за Ал Акса се инцидентите што во комплексот се случија во јуни оваа година, кога беа убиени двајца израелски полицајци. Во нередите загинаа и најмалку тројца Палестинци.
По тие нереди, израелските безбедносни сили поставија специјални детектори за метал на влезовите во Ал Акса, што предизивика двонеделни масовни протести осд страна на Палестинците, а на крајот израелските сили ги отстранија спорните дететектори.