Murat Ünlü
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Се тврди дека три сириски компании кои се на листата на меѓународни санкции употребувајќи ги услугите на адвокатската компанија „Мосак Фонсека” со центар во Панама, ја финансирале војната од страна на Асадскиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Според францускиот весник "Le Monde", од документите кои ги поседува адвокатската канцеларија „Мосак Фонсека” и во кои се споменуваат Pangates International, Maxima Middle East Trading, Morgan Additives Manufacturing, се дел од компаниите врз кои се спроведени меѓународни санкции заради тоа што обезбедувале гориво за воздухопловите на Асадовиот режим, за воени цели.
Според весникот, за компанијата "Pangates" чие име се појавува во Панама, се вели дека започнала да работи девет месеци по изречените санкции.
"Pangates" е фирма во сопственост на групацијата Абдулкарим од Дамаск, која е блиска со сириската влада.
Во Докумнетите од Панама се среќава и фирмата регистрирана во Панама во сопственост на милијардерот Рами Махлуф, братучед на Башар ал-Асад.
Во војната која од 2011 година се води во Сирија, од бомбардирањата извршени од страна на режимот на Асад се убиени повеќе десетици илјади лица.
Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), сподели повеќе од 11,5 милиони документи кои адвокатската канцеларија „Мосак Фонсека” ги чува 40-тина години и ги сподели со 80 издавачки куќи од различни земји. Во Испечатените документи во германскиот весник "Süddeutsche Zeitung" и англискиот "The Guardian" се наоѓаат и имињата на 12 претседатели, 143 политичари и голем број „оф-шор” фирми за кои се тврди дека служеле за избегнување на плаќање даноци и други нелегални активности за перење пари.
Овој, досега најголем проток на документи е наречен „Panama Papers“ (Документи од Панама).