Mohammad Fahim Abed
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад во покраината Перван загинаа шест а ранети се 23 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави за АА портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Седик Седики, бомбашот самоубиец експлозивната направа ја активирал пред полицискиот контролен пункт во блинина на средно училиште.
Седики додаде дека меѓу загинатите и повредените има и жени и деца.