Emre Gürkan Abay
18 Август 2026•Ажурирано: 18 Август 2026
Во Русија, „Гугл“, „Телеграм“ и „Мајкрософт“ се казнети со вкупно 11,1 милиони рубљи (околу 130.000 долари) поради неотстранување на забранети содржини, јавува Анадолу.
Окружниот суд Тагански во главниот град Москва донесе одлука по тужбите поднесени против компаниите.
Судот утврди дека компаниите не го почитувале законот бидејќи не отстраниле забранети содржини од овие платформи, па им наложи на „Телеграм“ и „Гугл“ да платат казни од по 3,8 милиони рубљи, а на „Мајкрософт“ 3,5 милиони рубљи.
Во Русија претходно беа изрекувани казни за „Гугл“, „Телеграм“ и „Мајкрософт“, како и за „Епл“, „ТикТок“ и други странски интернет-платформи, поради неприкажување на забранети содржини и неисполнување на законските обврски во земјата.
Вкупните казни изречени за „Гугл“ од крајот на 2021 година, пресметани врз основа на приходите на компанијата, надминаа 29 милијарди рубљи, а нејзиниот неплатен долг во земјата, според извештаите, изнесува над 20 милијарди рубљи.
Исто така, воведени се ограничувања во работењето на „Телеграм“ во Русија, а вкупните казни што московските судови ѝ ги изрекоа на компанијата само во првите шест месеци од оваа година надминаа 100 милиони рубљи.