Yunus Kaymaz
18 Август 2026•Ажурирано: 18 Август 2026
Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед го трансферираше босанскиот десен бек Амар Дедиќ, пренесува Анадолу.
Во соопштението на клубот се наведува дека 24-годишниот фудбалер, кој настапуваше за португалскиот тим Бенфика, потпишал петгодишен договор.
„За мене е посебно чувство и навистина голема чест да се вклучам во Њукасл Јунајтед. Едвај чекам да почнам да играм пред клубот и прекрасните навивачи. Голем фактор за мене беше повторно да работам со Матијас Јајслe. Добро се познаваме“, рече Дедиќ во изјавата по трансферот.
Босанскиот фудбалер повторно ќе соработува со тренерот Матијас Јајслe, со кого во 2023 година ја освои шампионската титула на Австрија со Ред Бул Салцбург.