Diyar Güldoğan
03 Октомври 2025•Ажурирај: 06 Октомври 2025
ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) денес извршија напад врз „брод за шверц со наркотици“ покрај брегот на Венецуела, изјави шефот на Пентагон, Пит Хегсет, пренесува Анадолу.
„Претходно утрово, по наредба на претседателот (Доналд) Трамп, наредив смртоносен, кинетички напад врз брод за трговија со наркотици поврзан со терористички организации во зоната на одговорност на USSOUTHCOM (Јужна команда на САД).“
„Четири машки лица, наркотерористи, на бродот се убиени во нападот, а во операцијата не е повреден ниеден припадник на американските сили“, истакна Хегсет преку американската компанија за социјални медиуми X.
Нападот е спроведен во меѓународни води недалеку од брегот на Венецуела, додека бродот транспортирал „значителни количини наркотици кон Америка за да го отрујат нашиот народ“, додаде тој.