Muhammed Bilal Kenasari
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
ВАШИНГТОН (AA) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека оваа земја престанува да дава средства во вредност од 230 милиони долари годишно за развојот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Саудиска Арабија и другите богати земји на Блискиот Исток ќе започнат да плаќаат наместо САД. Сакам да ги развијам САД, нашата Војска и земјите кои ни помагаат“, напиша Трамп на Твитер.
Претходно, гласноговорничката на Министерството за надворешни работи на САД, Хедер Нојерт, изјави дека средствата од 230 милиони долари, ветени за повторно воспоставување на стабилноста на подрачјата ослободени од ДЕАШ во Сирија, ќе бидат пренасочени во други подрачја.