Kenan Irtak
19 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
ИСТАНБУЛ (AA) – Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс" (Turkish Airlines) со опслужувањето на 253.000 патници на 1.547 летови, во саботата го собори дневниот рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екси, на Твитер сподели информации за бројот на патници за првиот од деветте дена, колку што Курбан Бајрам се одбележува во Турција.
„Вчера го соборивме историскиот рекорд. Летавме со 253.000 патници на 1.547 летови кон нивните сакани и остваривме процент од околу 75 отсто полетувања навреме“, рече Екси, и додаде дека настојуваат во време на сезоната да пружат уште подобри услуги за своите патници. На крајот им се заблагодари за тоа што ги користат услугите на „Туркиш ерлајнс“.