Kasım İleri
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, соопшти дека САД ќе го продолжат своето воено присуство во Сирија сѐ додека не се најде одредено дипломатско решение во рамките на дипломатските средби што продолжуваат во швајцарскиот град Женева, во врска со политичката транзиција во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Матис на прес-конференцијата одржана во прес-центарот на Пентагон, истакна дека со ослободувањето на Рака, која од страна на ДЕАШ беше прогласена за „главен гад на калифатот“, оваа организација во Сирија оди кон пропаст. Во врска со прашањето дали САД ќе го продолжат своето воено присуство во Сирија по победата над ДЕАШ, Матис рече дека овој процес ќе се спои со процесот во Женева, и оти во рамите на овие преговори ќе се утврди нов правец.
„Местото каде што и понатаму ќе одиме за политички компромис, е процесот во Женева, кој продолжува под координација на Обединетите нации (ОН). Нашата актуелна цел е да продолжиме со нашите операции сѐ додека не биде уништен калифатот на ДЕАШ, и ќе ги зачуваме нашите позиции сѐ додека не се најде дипломатско решение во Женева, на тој начин што веќе не ќе можат да се вратат. Во овој контекст, нема да ја напуштиме Сирија сѐ додека не се најде дипломатско решение во Женева“, нагласи Матис.
Избегнувајќи ги прашањата околу степенот на поразот на ДЕАШ, Матис истакна дека оваа организација сѐ уште не е целосно уништена, и додаде САД ќе продолжат да војуваат.
„Ова е многу добро прашање, но не сум подготвен да дадам одговор“, рече Матис во врска со прашањето дали е зголемена соработата меѓу Иран и Русија во Сирија.
Во врска со ракетните системи од типот S-400, кои Турција ги купи од Русија, Матис рече: „Тоа е суверена одлука на Турција. Јасно е дека нема да работат со системите на НАТО, затоа ќе ги натправат пресметките додека напредуваат по ова прашање“.