Enes Kaplan
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
КУВАЈТ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше пречекан во Кувајт со најголема државна почест, од страна на емирот на таа земја, шеик Сабах ал Ахмед ал Џабир ал Сабах, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата се одржа во палатата „Бајан“ во Кувајт, при што беа интонирани химните на двете земји.
Потоа се одржа состанок на делегациите и лидерите.
На дочекот присуствуваа началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и прирордни ресурси, Берат Албајрак, министерот за млади и спорт, Осман Ашкин Бак, министерот за храна, земјоделство и сточарство, Ахмет Ешреф Факибаба, министерот за култура и туризам, Нуман Куртулмуш, министерот за шумарство и водостопанство, Вејсел Ероглу, министерот за сообраќај, поморство и комуникации, Ахмет Арслан, шефот на Националната разузнавачка служба (MIT), Хакан Фидан и заменик генералниот секретар на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
По денешните разговори со лидерите на Кувајт, турскиот претседател Ердоган ќе го посети и Катар.