Bedrudin Brljavac
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
БАНТЕН (АА) - Во Батен, една од 34-те покраини во Индонезија лоцирана на островот Јава, се наоѓа џамија изградена од бамбус, пишува Агенција Анадолија (AA).
Џамијата „Сака Буана“ го добила името од санскрит, најстариот јазик во светот, од зборовите „сака“ што значи столб и „буана“ што значи свет.
Џамијата се простира на површина од 260 квадратни метри, а 60 отсто од градежниот материјал потрошен за нејзина изградба е бамбусот.
Сите ѕидови, како и покривот и ентериерот, во најголем дел се направени од бамбус, кој спаѓа во родот на растенија од семејството треви, со над 150 видови.
Се смета дека џамијата „Сака Буана“ е најголемата џамија во Индонезија која е направена од бамбус.
Бамбусот инаку потекнува од Индија, а претежно расте во тропските и суптропските подрачја на јужна, југоисточна и источна Азија и северна Австралија.
Бамбусот има шупливо дрвенесто стебло кое расте и до 30 метри.
Во делови на источна Азија постојат цели шуми на бамбусово дрво. Во Јапонија бамбусот ги сочинува поголемиот дел од шумите, а често се одгледува и како градинарско растение.