Diyar Güldoğan
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Шефот за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денес изјави дека Турција работи за политичко решение на катастрофалната криза во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција не се бори само против сите форми на тероризам во Сирија. Ние, исто така, работиме за политичко решение на катастрофалната криза на нашите соседи“, напиша Алтун на социјалната мрежа Твитер.
„Територијалниот интегритет и политичка стабилност на Сирија се клучни приоритети на Турција. Ќе продолиме да работиме кон тие цели“, додаде тој.
Алтун ги даде овие забелешки пред посетата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на Москва, каде што ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин.
„Претседателот Ердоган ќе биде во Москва за да одржи разговори со претседателот Путин за регионалните прашања, вклучувајќи ги неодамнешните случувања во Сирија и турско-руските односи“, изјави Алтун.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.