Şahin Demir
01 Април 2026•Ажурирај: 02 Април 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Четири лица загинаа, а осум се повредени во американско-израелскиот напад во кој е погодена четирикатна станбена зграда во областа Мехршахр во иранскиот град Караџ, кој се наоѓа во провинцијата Алборз, западно од Техеран, објави утринава новинската агенција Мехр, пренесува Анадолу.
Иранските медиуми, исто така, известија дека во утринските напади се гаѓале и делови од главниот град Техеран.
Засега нема официјални изјави за степенот на штетата или за евентуални жртви во Техеран.