İlkay Guder
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Во воздушните напади и воените пресметки во сириските региони Ал-Баб и Бзагах на 165-иот ден од Офанзивата „Штитот на Еуфрат", неутрализиран е 51 терорист од кои 4 од нив се команданти, јавува Anadolu Agency (АА).
Уништени се по 2 одбранбени позиции и вооружени возила во 8 воздушни напади врз целите на ДЕАШ детектирани од страна на коалициските сили.
Уништени се и 56 објекти и 3 седишта на ДЕАШ наменети за засолнување, во нападите на Турските воздухопловни сили врз 65 цели на ДЕАШ во регионите на Ал-Баб и Бзагах.
Во теренски и воздушни напади, неутрализирани се 51 член на терористичката организација ДЕАШ од кои четири се команданти.
Уништени се 24 рачно изработени бомби во исчистените региони од терористичката организација ДЕАШ, од страна на екипите за детектирање и уништувње на експлозивни материјали. Од првиот ден на офанзивата до денес, уништени се 3,656 рачно изработени бомби и 55 мини.