Sarp Özer
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Во рамките на операцијата, командата на воздухопловните сили спроведе воздушна операција врз позициите на терористите во северниот дел од Сирија, поддржани со гранатирање од повеќецевни ракетни фрлачи, минофрлачи и тенкови. Во операцијата се погодени 111 цели, меѓу кои и вооружени позиции, а неутрализирани се 22 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турските вооружени сили се вели дека продолжува нивната поддршка за операцијата во северниот дел од Сирија, која започна на 24. август 2016, со цел спротивставување на заканата од терористичките организации, првенствено од ДЕАШ, со што ќе се зголеми безбедноста на границата.
Операцијата продолжува со интензивни воздушни и копнени напади, со цел да им се помогне на опозициските елементи да го освојат Ал Баб.
Утврдените 103 позиции на терористичката организација ДЕАШ во регионот се под силно гранатирање со хаубици „фиртина“, повеќецевни ракетни фрлачи, минофрлачи и тенкови. Повеќето од овие позиции се уништени или повеќе не можат да се користат.
Воените авиони на командата на воздухопловните сили изведоа воздушна операција врз позициите на ДЕАШ во Ал Баб, Бзагах и Тадиф. Во нападот се уништени 8 оружени позиции, засолништа и седишта на организацијата. Во воздушната операцијата којашто беше поддржана и со топовски гранатирања, неутрализирани се 22 терористи.
Воени авиони на Руската Федерација, спроведоа воздушен напад на 8 километри југозападно од Ал Баб, во Дајр Как, при што беа уништени елементи на терористичката организација ДЕАШ.