Murat Karadağ
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
МОГАДИШУ (АА) – Експлозијата се случи на контролна точка во близина на меѓународниот аеродром во сомалискиот главен град Могадишу. Според првичните информации, во експлозијата животот го загубиле три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник од полицијата, Мухамед Хусеин изјави дека експлодирало возило за време на претрес на една контролна точка во близина на меѓународниот аеродром.
Хусеин изјави дека на контролната точка во близина на Мировната мисија на Африканската унија за заштита на мирот се случила експлозија во која, според првичните информации, животот го загубиле три лица. Од експлозијата била причинета материјална штета на околните згради.
Се истакнува дека во подрачјето се случила и втора експлозија, по што се слушнала престрелка.
Одговорните од владата сѐ уште не дадоа никаква изјава поврзана со настанот.