Aliia Raimbekova
16 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
НУРСУЛТАН
Дванаесеттиот состанок за Сирија на земјите гаранти ќе се одржи на 25 и 26 април во казахстанскиот главен град Нурсултан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Казахстан, на 25 и 26 април ќе се одржи 12. состанок за Сирија со учество на Турција, Русија и Иран, како и на делегациите на Асадовиот режим и опозицијата.
Делегациите на Обединетите нации (ОН) и Јордан на овој состанок ќе учествуваат како набљудувачи.
На состанокот ќе се разговара за различни теми како Идлиб, североисточниот дел на Сирија, мерките за зголемување на довербата меѓу конфликтните страни, враќањето на бегалците, хуманитарната состојба, како и за повоената реконструкција.
Во дневниот ред на техничките средби кои ќе се реализираат пред главниот состанок, ќе бидат вклучени теми во врска со завршувањето на активностите за формирање уставен комитет, како и за учеството на нови земји набљудувачи во процесот на овој состанок.
Главниот состанок ќе започне на 26 април по техничките средби кои ќе се реализираат на 25 април на билатерален и трилатерален формат.
Во рамки на состаноците се планира да се одржи 8. состанок на работната група за ослободување на приведените лица.
Состаноците на Астана на кои земји гаранти се Турција, Русија и Иран, се одржуваат од јануари 2017 година.