Zehra Nur Düz
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Големиот пожар во катедралата „Нотр Дам“ во Париз е изгаснат по осум и пол часа, изјави портпаролот на локалната противпожарна бригада доцна синоќа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пожарникарите ќе продолжат со тоа да обезбедат пожарот, кој сериозно го уништи иконското обележје, да не се разгори“, изјави за новинарите потполковникот Габриел Плус.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ја обнови катедралата.
„Најлошото е избегнато, дури и ако битката сѐ уште не е целосно освоена и во следните неколку часа ќе биде тешко“, изјави Макрон пред новинарите откако изврши увид на местото на настанот.
Тој изјави дека ќе биде формирана национална кампања за прибирање финансиски средства, со цел да се обнови објектот стар 850 години.
Причината за пожарот е сѐ уште непозната.
Катедралата „Нотр Дам“ (Богородичната црква) позната е во светот по полемината, единственоста и важноста за светската архитектура. Зградата, која датира уште од 14 век, позната уште и по класичното книжевно дело на Виктор Иго „Sвонарот на Богородичната црква“, секоја година привлекува милиони туристи од целиот свет.
Турција се приклучи на остатокот на светот во искажување на тагата во врска со големиот пожар кој го зафати историското ремек-дело.
„Уништувањето на ова ремек-дело на архитектурата е катастрофа за целото човештво“, напиша Чавушоглу на Твитер.
„Со голема тежина на срцето ги примивме катастрофалните вести за пожарот во Париз, Франција. Катедралата „Нотр Дам“ не е само симбол на Франција, туку дел од заедничкото наследство на човештвото“, објави на Твитер Фахреттин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција.
„Катедралата „Нотр Дам“ во Франција не е само француска икона, таа е прекрасна, уникатна работа во историјата на човештвото и заедничко културно наследство“, напиша на Твитер Кемал Киличдароглу, водачот на турската опозициска Републиканска народна партија (CHP).
„Длабоко ја споделувам тагата со целото човештво, особено со луѓето од Франција“, додаде тој.