Ayhan Şimşek
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Полицијата во јужна Германија уапси маж откако со нож избодел две девојчиња на пат кон училиште во градот Илеркирхберг, од кои едното подоцна починало од повредите, соопштија властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
14-годишното девојче кое било нападнато од осомничениот итно било пренесено во болница со сериозни повреди, но починало набргу по пристигнувањето, се вели во соопштението на полицијата.
Во него се додава дека девојчето било германска државјанка со мигрантско потекло.
Локалните медиуми ја идентификуваа жртвата како ќерка на турско мигрантско семејство.
Нејзината 13-годишна пријателка исто така се здобила со сериозни повреди, но е во стабилна состојба.
Осомничениот, 27-годишен барател на азил од Еритреја, бил уапсен во блиското прифатилиште за бегалци, каде што бил пронајден и ножот користен во нападот.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и повика на претпазливост бидејќи мотивот и психичката состојба на осомничениот не се познати.
Исто така, предупреди да не се шират приказни против бегалците на социјалните мрежи и нагласи дека инцидентот не треба да води кон општа сомничавост кон странци, бегалци или баратели на азил.