Ekip
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за семејство и жените Мануела Швезик ги повика граѓаните на земјата да им помогнат на 59 илјади деца-бегалци кои во 2015 година дошле без родител во Германија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Швезик рече дека во вторникот се отвори бесплатна телефонска линија, која треба да им помогне на Германците да се поврзат со малолетните лица кои од Сирија и други земји без родител или старател дојдоа до оваа европска земја.
Германската министерка укажа на фактот дека децата и тинејџерите бегалци треба да им помогне со практични и правни прашања, во училиштето и да им се обезбеди секојдневна поддршка. Таа рече дека пред отворањето на телефонската линија, многу германски државјани се понудија да им помогнат на децата.
Потенцијалните ментори мора да поминат низ проверки од полиција. Повеќето малолетни деца без родители или старатели, кои од војната дојдоа во Германија, живеат специјални центри за напуштени деца. Германија во 2015 година имаше 1,1 милиони лица кои бараат азил, изјави претходно Сојузната канцеларија за миграција и бегалци.