Ekipa
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
ИДЛИБ (АА) - Камерата на АА го забележа местото на операцијата за кое се тврди дека е убиен лидерот на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, јавува Anadolu Agency (AA).
САД информираа дека операцијата на просторот во Идлиб, за каде што се тврди дека е убиен Багдади, откако по полноќ американските единици слегле таму со хеликоптер, траела четири часа.
Екипата на АА изработи снимка од местото на споменатиот судир.
На кадрите може да се забележи куќа срамнета со земја, возило во пожар и причинетата штета врз околните куќи и шатори кои им припаѓаат на цивили.
На просторот меѓу маслиновите дрвја можат да се забележат кратери предизвикани од бомбардирање.
За операцијата во која се тврди дека е убиен лидерот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, изведена е во Идлиб синоќа по полноќ. Осум хеликоптери на САД и две беспилотни летала 1,5 час под интензивен оган го држеле местото во близина на селото Бариша. Операцијата во која е изведено слетување со хеликоптери траела околу четири часа, а потоа хеликоптерите се оддалечиле од местото на настанот.
Во врска со операцијата, турското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое се вели: „Пред синоќешната операција изведена на полноќ од страна на американската страна во Идлиб, извршена е размена на информации и спроведена е координација меѓу воените органи.“
Според веста објавена во американските медиуми, претставници на Пентагон веруваат дека во споменатата операција е убиен Багдади, но дека се спроведуваат активности за потврдување на точната состојба.
Во веста се вели дека воени претставници во информацијата испратена до Белата куќа во врска со операцијата наведуваат дека во голема мерка се сигурни дека Багдади е убиен.