АНКАРА (АА) - Во рамките на 100. годишнина од Anadolu Agency (AA), во седиштето на агенцијата на вработените им беше претставен документот „100 години вести и визија“, кој вклучува многу иновации, меѓу кои нови формати на вести, нов јазик на пишување на вести и приспособување на новите технолошки достигнувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-генералниот директор и главен уредник на АА, Метин Мутаноглу, на програмата одржана во конференциската сала на АА, истакна дека една од највлијателните новински агенции во светот - AA, во својата 100. годишнина ќе влезе помоќна и ќе биде една од најважните извори за обезбедување на информации до турските и светските медиуми.
Потсетувајќи дека Anadolu Agency (AA) на 6 април 2020 година ќе наполни 100 години од своето основање, Мутаноглу истакна: „На чело со Мустафа Кемал Ататурк, со голема милост ги споменувам Јунус Хади и Халиде Едип Адивар. Anadolu Agency (AA) решително продолжува по својот пат зацртан од нив. Од една страна гласот на Анадолија го шири низ целиот свет, од друга страна настаните од светот ги пренесува до анадолскиот човек.“
Мутаноглу во својот говор ги спомена и луѓето кои загинале за време на задачите во Anadolu Agency (AA). Тоа се поранешниот генерален директор Шефик Арзик кој загинал во авионска несреќа, дописникот на АА, Салих Косе Раиф Чорлу, кој загинал за време на Втората светска војна во Франција, и новинарите Салих Махмуд Лејла, Меџит Дирани, Весим ал Адил, Енес Дијаб и Абдулкадир Нишанџи, кој животот го загубиле за време на својата задача.
Истакнувајќи дека Anadolu Agency (AA) има канцеларии во сите 81 општина во Турција, и 41 канцеларија во светот, Мутаноглу рече дека вестите, видеата, фотографиите, иконографијата е многу следена на веб-страницата и социјалните медиуми и додаде дека мобилната апликација достигнала до бројката од 1,5 милион корисници.
Мутаноглу, наведувајќи дека довербата на турските медиуми во АА е речиси 100-процентна, рече дека за да се провери точноста на некоја вест се користи изразот „Погледнете во агенцијата“.
Тој, исто така истакна дека уредништвата за графички вести, за анализа, за вести и култура, за планирање, за мултимедија и за преноси во живо кои се воведени од декември 2014 година, имале успешна работа.
Давајќи информации за проектите „Уредничкиот деск на АА“, „Спортскиот деск“, „Економскиот деск на АА“, „Енергетскиот деск на АА“, „Репортажи“ и „Денот во 60 секунди“, Мутаноглу рече дека се објавени и многу тематски книги.
Истакнувајќи дека неодамна започнале со снимање и правеле фотографии со дрон, Мутаноглу рече дека е дадено големо значење и на известувањата за борбата против тероризмот.
Тој, исто така рече дека одблизу се следат случаите со терористичката организација ФЕТО и дека посветуваат внимание и на тоа да бидат истакнати лагите на терористичките организации во социјалните медиуми и да биде нагласена вистината.
- „Со 2020 година ќе започне и трансформацијата во јазикот"
Мутаноглу, истакнувајќи дека за 100. годишнина на Anadolu Agency (AA) е подготвен документот „100 години вести и визија“, додаде:
„Целта на документот „100 години вести и визија“ е Anadolu Agency (AA) во својата 100. годишнина да стане една од највлијателните новински агенции во светот и да го продолжи својот професионален и технолошки развој во трката за универзалното новинарство. Овој документ на визии опфаќа многу иновации, меѓу кои се и нови формати на вести, нов јазик на пишување на вести и приспособување на новите технолошки достигнувања.“
Мутаноглу, посочувајќи дека најважната точка на документот за визија е „јазикот на веста“, рече дека Anadolu Agency (AA) веќе треба да премине на јазикот што го користат глобалните новински агенции. Тој, исто така рече дека таа јазична трансформација ќе започне со почетокот на 2020 година.
Наведувајќи дека започнале да работат на решавањето на проблемите со јазикот на веста и на создавањето на поедноставен и идеален јазик за вести, Мутаноглу рече: „Ќе поминеме на поедноставен јазик, информативен, без излишни реченици и лесен за читање. Во овој контекст, преуредени се насловите, поднасловите и начинот на пишување на текстот. Производството на вести од страна на репортерите ќе продолжи врз таа основа.“
- На глобално ниво започнуваат „Најнови вести“
Мутаноглу истакна дека интензивното користење на апликацијата за најнова вест во последните две години доби глобални димензии и додаде „Користењето на апликацијата „Најнова вест“ на глобално ниво стана новитет кој ги демонстрира нашите тврдења.“
- Со апликацијата „Мобилен новинар“ на брз начин ќе се префрлаат најновите вести
Метин Мутаноглу, соопштувајќи дека во претстојниот период ќе се премине на апликацијата „Мобилен новинар“, рече „Во тие рамки секој новинар на АА на својот мобилен телефон ќе ја има апликацијата „Мобилен новинар“. На тој начин само неколку секунди по настанот, текстот, заедно со фотографиите и видеоматеријалот ќе можат да бидат објавени.“
- АА преминува на говорно известување
Потсетувајќи на постоечките технологии на полето на говорното известување, Метин Мутаноглу рече дека и АА ќе премине на говорно известување, истакнувајќи дека за таа цел, во професионалните студија за синхронизација од страна на професионални презентери ќе бидат подготвувани вести кои ќе бидат дневно објавувани, особено на „Spotify" и „Tunes".
- Поефикасно ќе се користи архивата на АА
Мутаноглу рече дека архивата на АА во периодот што следува ќе биде поефикасно користена, и во овој контекст, особено истакна дека откако ќе се обелодени настан кој се случил на одреден датум, ќе биде пренесено сведоштвото што го забележало АА во тој период.
- Ќе бидат објавувани репортажи кои ќе предизвикаат одзив
Мутаноглу изјави дека во иднина ќе се прават репортажи со атрактивни личности од Турција и од светот, кои ќе привлечат внимание на глобално ниво. „Градиме дигитална платформа именувана како Видеоплатформа АА“, сподели Мутаноглу, додавајќи дека активностите на ова поле ќе бидат изведувани на три јазици.
„На оваа платформа ќе бидат објавувани дневни вести, репортажи, документарни вести во видеоформат и со превод. Ќе има и програми во живо. Ќе се објавува и листа на програмите во живо. Оние кои ќе ја посетат оваа платформа, можеби на неа ќе минат еден час. Активностите на ова поле се во фаза на изработка на софтвер. Наша цел е ова да го започнеме на 1 јануари 2020 година“, истакна Мутаноглу.
- Нови трендовски видеа
Мутаноглу рече дека во новиот период на поинтензивен начин ќе се продолжи со изработка на специјални видеа, особено на социјалните мрежи, додавајќи дека куси видеа од настаните ќе бидат подготвувани на сите јазици и експресно ќе бидат објавувани на сајтовите за споделување на видеоматеријали.
Мутаноглу за видеата на ова поле рече дека ќе бидат изработувани под наслови „Привлечни видеа“, „АА информации“, „За луѓето“ и „Мојата приказна“, „Аматерски видеа“, „Селфи видеа“, „Луѓе од светот“.
- Социјалните мрежи ќе се користат поактивно
Мутаноглу рече дека заедно со „Визијата 2020 на АА“, поактивно ќе се користат социјалните мрежи, додавајќи дека притоа не е цел социјалните мрежи да се користат како извор на информации. Мутаноглу истакна дека ќе се спроведат активности кои ќе овозможат изработените вести заемно да се користат меѓу редакциите на различни јазици, велејќи дека во периодот што претстои, со цел да се пристапи до пошироката јавност, особено големо значење ќе им се придаде на „newsletter“.
Заменик-директорот на АА, Метин Мутаноглу, за документот „Визијата 2020 на АА“ рече дека ќе биде изработен во форма на книга и додаде дека ќе им биде доставен на сите медиумски организации.
По обраќањето на Мутаноглу, збор зеде Баришкан Унал, која го презентираше новиот стил на пишување вести на АА.