Seyit Aydoğan
26 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
КВЕБЕК (АА) - На демонстрациите на екстремно-десничарските групи „La Meute“ и „Storme Alliance“ одржани во канадскиот град Квебек, приведени се 44 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Квебек, Андре Туркот, изјави дека полицијата интервенирала на демонстрациите на кои се собраа над 1.000 лица.
Членовите на споменатите групи познати по антиисламските и антимигрантски ставови започнаа да фрлаат снежни грутки на полицајците кои им возвратија со солзавец.
Туркот изјави дека пред протестите се обиделе да остварат разговор со демонстрантите но дека членовите на групите одбиле комуникација.
Според неговите зборови, групата сама се погрижила за безбедноста, а дел од демонстрантите кои носеле непробојни елеци, носеле и палки. Туркот изјави дека овие членови се нарекувале милиција и дека прво биле приведени 21, а потоа 23 лица.
„При претресот на лицата пронајдено е оружје, стапови, шишиња со непозната течност... Демонстрациите се завршени без причинета материјална штета“, истакна тој.
Екстремно-десничарската група „La Meute“ е основана од поранешните канадски војници Ерик Вене и Патрик Беудри во октомври 2015 годинаво Квебек. Нивна основна цел е организирање на луѓето против радикалниот ислам и шеријат, а се претпоставува дека имаат околу 40.000 членови и симпатизери.
„Storm Alliance“ е исто така екстремно-десничарска група која во Квебек во 2016 година ја основа Дејв Трегет. Се претпоставува дека групата која е позната по исламофобни и антимигрантски ставови, има околу 3.000 поддржувачи ширум Канада.