Mahmoud Barakat
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
САНА (АА) - Епидемијата на колера од крајот на април усмрти 1.146 луѓе во Јемен, се вели во соопштението на Светската здравствена организација (СЗО), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено вчера, канцеларијата на СЗО во Јемен укажува на тоа дека во земјата од 27 април се регистрирани 166.976 случаи за коишто постои сомневање дека се заболени од колера.
Во провинцијата Хаџа, во северозападниот дел на земјата, забележан е најголем број смртни случаи од колера, а тој изнесува 195 луѓе.
СЗО претходно предупреди дека тригодишната војна во Јемен го уништи здравствениот систем на земјата, па поради тоа е многу тешко да се ослободат од епидемијата.
Сиромашниот Јемен е зафатен од граѓанска војна уште од 2014 година. Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници во 2015 година започнаа обемна воздушна кампања којашто има за цел да ја ослабне воената сила на Хутите и да воспостави јеменска влада.
Според податоците на Обединетите нации, во војната во Јемен загинаа повеќе од 10.000 луѓе, а пак повеќе од 11 отсто од луѓето се раселени.