Betül Yürük
30 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ЊУЈОРК (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, во рок од две недели во Советот за безбедност на ОН ќе поднесе нацрт-резолуција против американскиот таканаречен мировен план за Блискиот Исток, јавува Агенција Анадолија (АА).
Постојаниот претставник на Палестина во ОН, Ријад Мансур, за медиумите изјави дека Абас во рок од две недели ќе дојде во СБОН и пред меѓународната заедница преку нацрт-резолуција ќе ја изнесе реакцијата на палестинскиот народ и властите на „нападот од администрацијата на Трамп врз правата на палестинскиот народ“.
Трамп на 28 јануари 2020 година на прес-конференцијата во Белата куќа, на која присуствуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на јавноста ѝ го претстави едностраниот таканаречен мировен план за Блискиот Исток.
Трамп наведе дека со споменатиот план Ерусалим (Кудс) ќе биде неделив главен град на Израел и дека тој е последна шанса за палестинската држава и Палестинците.
Абас го отфрли планот на Трамп порачувајќи дека „Кудс не е на продажба“.