Sayed Khodaberdi Sadat
24 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
КАБУЛ (АА) - Мисијата на ОН за поддршка на Авганистан (UNAMA) соопшти дека е забележан раст во цивилните загуби во Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на УНАМА се вели дека во нападите извршени во Авганистан во 2018 година животот го загубиле 3.804 цивили.
Во истата година биле повредени 7.189 цивили, додека стапката на цивилните загуби минатата година се зголемила за 11 отсто во споредба со претходната година.
Се нагласува дека 2018 година била најкрвавата година во последните 18 години, и дека 927 лица од загинатите цивили се деца.
Зад 37 отсто од овие напади стојат талибанците, зад 20 отсто стои ДЕАШ, зад 6 отсто од нападите стојат други антивладини групи, зад 14 отсто од нападите стои Владата, зад 6 отсто стојат меѓународните сили и зад 4 отсто од нападите стојат провладините сили.
Според извештајот, минатата година биле извршени 65 самоубиствени напади, во кои најмногу животи биле загубени токму во ваквиот тип „активности“.
Поголемиот дел од самоубиствените напади биле извршени во Кабул.
Од друга страна, портпаролот на талибанците, Мухамед Јусуф Ахмеди, изјави дека го одбиваат ова соопштение на УНАМА бидејќи тоа е еднострано.
Ахмеди истакна дека зад поголемиот дел од цивилните загуби стојат силите на САД, кои според него во 2018 година извршиле бројни воздушни напади.