Mohammad Fahim Abed
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
КАБУЛ (АА) - Во покраината Хелманд, на северот од Авганистан, талибанците извршија вооружен напад во кој убиени се американскиот фоторепортер Дејвид Гилки и дописникот на AA, Забулах Таманa, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот на војската на Авганистан за покраината Хелманд, Шекил Ахмет, во својата изјава истакна дека Гилки и Тамана своите животи ги загубиле во напад кој талибанците го извршиле врз воениот конвој на авганистанската војска која од Лашкаргах се движела кон Мерџa.
Ахмет соопти дека оклопното возило во кое се наоѓале Гилки и Тамана било погодено со ракета, при што покрај двајцата новинари, животот го загубиле и двајца авганистански војници.
Смртта на новинарот Гилки со своја вест ја потврди и меѓународното американско радио NPR, во која се вели дека Гилки и Тамана биле дел од четиричлената екипа која одела на настан.
Тамана, кој беше дописник на Anadolu Agency, пишуваше вести за судирите и настаните во регионот.
Во месец јануари во Кабул талибанците изведоа самоубиствен напад врз возило на новинари, кои работеа за еден телевизиски канал. Во нападот животот го загубија седум лица.