Sayed Khodaiberdi Sadat
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
КАБУЛ (АА) - Шест лица загинаа во два бомбашки напада во провинциите Хелманд и Нангархар во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите, портпаролот на Гувернерството на Хелманд, Омер Зувак, рече дека 4 деца загинале како резултат на експлозија на бомба поставена во куќа во градот Ласкарках во Хелманд.
Од друга страна, портпаролот на Гувернерството на Нангархар, Атаулах Хогјани, истакна дека бомбата поставена во возилото на верскиот научник Мевлеви Шејдаи во селото Сербенд, во областа Лалпур во Нангархар, била активирана со далечински управувач.
Според портпаролот Хогјани, во експлозијата загинал Шејдаи и неговиот син кои се наоѓале во автомобилот, а 2 лица се повредени.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за двата напада.