Handan Kazancı
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 14 лица загинаа, а 36 се ранети во напад на шиитски храм во главниот град на Авганистан, Кабул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил за време на собир во шиитскиот храм Карте Сакхи, еден од најголемите во градот, за време на Денот на Ашура, кога шиитите ја обележуваат смртта на Хусеин, внукот на божјиот пратеник Мухамед.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Седик Седики, изјави дека меѓу загинатите се наоѓа и еден полицаец.
Полицискиот шеф на Кабул, Абдул Рахман Рахими, изјави дека нападот го извршиле четворица напаѓачи. Од друга страна, Седики изјави дека полицијата на местото на нападот затекнала само еден напаѓач.
Во јули оваа година, во сличен напад во Кабул загинаа 80 лица, додека 200 беа ранети. ДЕАШ презеде одговорност за овој напад.