Mohammad Fahim Abed
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
КАБУЛ (АА)- Во самоубиствен напад на францускиот ресторан во Кабул, во Авганистан загинаа три лица, а повредени се 14, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на НАТО мисијата Решителна поддршка, спомнатиот талибански напад на цивилите е изведен синоќа.
"Талибаните и оваа како и минатата година ја започнаа со напад на цивили. Го осудуваме овој напад и изразуваме сочуство на семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо оздравување", рече портпаролот на Мисијата, Вилсон Шофнер.
Од Министерството за внатрешни работи на Авганистан е соопштено дека нападот е изведен на францускиот ресторан"Le Jardin" во местото Таимани, кое му припаѓа на Кабул.
Очевидците тврдат дека по експозијата се слушнало и пукање.
Портпаролот на талибаните, кои ја прездоа одговорноста за нападот, Забиулах Мујахед рече дека бомбашот самоубиен нападна ресторан на хостелот во Кабул во јој престојуваат странци. Тој тврди дека во таа прилика загина поголем број на странци.
По нападот се појави и пожар во ресторанот.